За нас
ПОПЕ ПЛУС е компанија од терцијален сектор на економијата, основана 1992 година во Гевгелија и организирана како резултат на приватна иницијатива, чиј главен столб е приватната сопственост.
ПОПЕ ПЛУС има за цел да биде двигател и имплементатор за прифаќање на европските стандарди и регулативи, екологија и заштита при работа и терциерни активности во РСМакедонија.
ПОПЕ ПЛУС од 2008 година врши имплементација на развојните проекти на компанијата Конти Хидропласт – македонска компанија за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки, и дистрибуција на моментална производствена програма која ги покрива сите полиња на примена, поточно цевки и црева за водоводни системи, ПЕ и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати, цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи како и фитингарија за истите соодветно димензиите, кои исто така се движат од минимален дијаметар од 12мм до 2000мм.
Овластен Дистрибутер
ПОПЕ ПЛУС од 1995 година флексибилно и професионално врши меѓународен и внатрешен транспорт со сопствени возила, и има секојдневни активни дестинации за извоз и увоз на стока.
Меѓународен транспорт:
- Босна; Србија; Црна Гора; Косово; Грција и Албанија
Долгогодишното искуство во областа на транспортот, како и референтната листа на клиенти на кои им ја обезбедува оваа услуга, го вбројува ПОПЕ ПЛУС во лидерите во РСМ.
Компанијата располага со сопствени возила за превоз на стока и соработува со останатите превозници ширум регионот.
Флотата возила со која располага компанијата овозможува да се реализираат потребите на клиентите во сите температурни и други режими на транспорт.
ПОПЕ ПЛУС од 2011 година е имплементатор на безвременските вредности на компанијата AGRODRIP S.A., со седиште во Индустриската област Синдос во Солун, Грција, со дистрибуција на целосно интегрираната производна единица на специјализирани системи за наводнување и иновативни високотехнолошки производи за наводнување.
Увозник на високо квалитетни, врвни цевки и фитинзи за наводнување.
Овластен Увозник и Дистрибутер
ПОПЕ ПЛУС од 2021 година поседува продажно – изложбен салон за пневматици, концепт продавница за гуми од реномирани светски брендови по европски стандарди.
- Авто Гуми – Патнички;
- Џипови 4x4 – Теренски;
- Полутоварни возила;
- Тракторски (и внатрешни);
- Камиони и Автобуси.
Со фокус на врвен квалитет, функционалност и естетика:
- Овозможуваме понуда на врвни пневматици од реномирани брендови;
- Ги доближуваме светските трендови до нашите корисници, водејќи грижа за нивната безбедност;
- Поставуваме нови стандарди на домашниот пазар и во pегионот.
ПОПЕ ПЛУС од 2011 година е увозник и дистрибутер на огревно дрво и пелети.
- Сечена и цепена бука;
- Метрен, сечен и цепен даб;
- Пелети А класа, Босански.
ВИЗИЈА
Да бидеме лидери во регионот во терциерните активности како посредници меѓу бизнисите од секундарниот сектор и крајните потрошувачи со воспоставување на применлив концепт за одржлив развој во терцијалниот сектор на економијата, поставувајќи високи стандарди во рамките на еколошки безбеден систем за увид и бенефит од користењето на услугите на компанијата ПОПЕ ПЛУС.
МИСИЈА
- Чекор пред конкуренцијата;
- Квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените и клиентите;
- Квалитет по европски стандарди;
- Конкурентски цени;
- Двигатели за прифаќање на европските стандарди и регулативи;
- Имплементација на секој нов стандард од областа на екологијата и заштита при работа;
- Идентификација на свои таргети;
- Освојување на нови пазари;
- Фокус на канал на дистрибуција / истражување, анализа и логика;
- Посветеност, страст и истрајност;
- Пренесување на знаењето на сите заинтересирани преку размена на интерни информации;
- Анализа на поставените цели и поставување на нови;
- Дефинирање на сите ризици и активности за нивно намалување;
- Квалитетна и навремена испорака, согласно потребната динамика, на задоволство на нашите купувачи;
- Зголемување на профитот како предуслов за бесконечен развој, раст и одржливост.
1992
Почеток на приказната на POPE PLUS во Гевгелија
2011
Почеток на дистрибуцијата на современи системи за наводнување