ПОПЕ ПЛУС е компанија од терцијален сектор на економијата, основана 1992 година во Гевгелија и организирана како резултат на приватна иницијатива, чиј главен столб е приватната сопственост.

ПОПЕ ПЛУС има за цел да биде двигател и имплементатор за прифаќање на европските стандарди и регулативи, екологија и заштита при работа и терциерни активности во РСМакедонија.

ПОПЕ ПЛУС од 2008 година врши имплементација на развојните проекти на компанијата Конти Хидропласт – македонска компанија за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки, и дистрибуција на моментална производствена програма која ги покрива сите полиња на примена, поточно цевки и црева за водоводни системи, ПЕ и ПП шахти, цевки за транспорт на гас и нафтени деривати, цевки и црева за заштита на телекомуникациски кабли, дренажни системи како и фитингарија за истите соодветно димензиите, кои исто така се движат од минимален дијаметар од 12мм до 2000мм.

Овластен Дистрибутер

ПОПЕ ПЛУС од 1995 година флексибилно и професионално врши меѓународен и внатрешен транспорт со сопствени возила, и има секојдневни активни дестинации за извоз и увоз на стока.

Меѓународен транспорт:

- Босна; Србија;  Црна Гора; Косово; Грција и Албанија

Долгогодишното искуство во областа на транспортот, како и референтната листа на клиенти на кои им ја обезбедува оваа услуга, го вбројува ПОПЕ ПЛУС во лидерите во РСМ.

Компанијата располага со сопствени возила за превоз на стока и соработува со останатите превозници ширум регионот.

Флотата возила со која располага компанијата овозможува да се реализираат потребите на клиентите во сите температурни и други режими на транспорт.

ПОПЕ ПЛУС од 2011 година е имплементатор на безвременските вредности на компанијата AGRODRIP S.A., со седиште во Индустриската област Синдос во Солун, Грција, со дистрибуција на целосно интегрираната производна единица на специјализирани системи за наводнување и иновативни високотехнолошки производи за наводнување.

Увозник на високо квалитетни, врвни цевки и фитинзи за наводнување.

Овластен Увозник и Дистрибутер

ПОПЕ ПЛУС од 2021 година поседува продажно – изложбен салон за пневматици, концепт продавница за гуми од реномирани светски брендови по европски стандарди.

  • Авто Гуми – Патнички;
  • Џипови 4x4 – Теренски;
  • Полутоварни возила;
  • Тракторски (и внатрешни);
  • Камиони и Автобуси.

Со фокус на врвен квалитет, функционалност и естетика:

  • Овозможуваме понуда на врвни пневматици од реномирани брендови;
  • Ги доближуваме светските трендови до нашите корисници, водејќи грижа за нивната безбедност;
  • Поставуваме нови стандарди на домашниот пазар и во pегионот.

ПОПЕ ПЛУС од 2011 година е увозник и дистрибутер на огревно дрво и пелети.

  • Сечена и цепена бука;
  • Метрен, сечен и цепен даб;
  • Пелети А класа, Босански.

ВИЗИЈА

Да бидеме лидери во регионот во терциерните активности како посредници меѓу бизнисите од секундарниот сектор и крајните потрошувачи со воспоставување на применлив концепт за одржлив развој во терцијалниот сектор на економијата, поставувајќи високи стандарди во рамките на еколошки безбеден систем за увид и бенефит од користењето на услугите на компанијата ПОПЕ ПЛУС.

МИСИЈА

  • Чекор пред конкуренцијата;
  • Квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените и клиентите;
  • Квалитет по европски стандарди;
  • Конкурентски цени;
  • Двигатели за прифаќање на европските стандарди и регулативи;
  • Имплементација на секој нов стандард од областа на екологијата и заштита при работа;
  • Идентификација на свои таргети;
  • Освојување на нови пазари;
  • Фокус на канал на дистрибуција / истражување, анализа и логика;
  • Посветеност, страст и истрајност;
  • Пренесување на знаењето на сите заинтересирани преку размена на интерни информации;
  • Анализа на поставените цели и поставување на нови;
  • Дефинирање на сите ризици и активности за нивно намалување;
  • Квалитетна и навремена испорака, согласно потребната динамика, на задоволство на нашите купувачи;
  • Зголемување на профитот како предуслов за бесконечен развој, раст и одржливост.
Година на основање

1992

Почеток на приказната на POPE PLUS во Гевгелија

Партнерство со AGRODRIP

2011

Почеток на дистрибуцијата на современи системи за наводнување

Сè во свое време, се брои со нас!